поаѓа (гл.) - кон (предл.)

Кругот е завршен – црномурестиот витез со жолтата наметка поаѓа кон Градот, а идната хранителка на змиското семе копнежот незадржливо ја води од Градот, кон прегратката на блискиот незнаенец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двосмисленоста на смртта дадена им е на божествата и на змиите, а од нив, во двојните гени од минатите постоења што ќе ја хранат смелоста, и на осамените витези, кои со блескава ведрина поаѓаат кон неизвесноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го поминав периодот на опседнатост со возовите, но се уште ме возбудува нивниот врисок, кога запираат или поаѓаат кон некое друго градско утро, во тешкиот, замаглен здив на железничката станица.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Грета ја зема чинијата и поаѓа кон вратата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ајде, однеси ја таа проклета супа во неговата соба и насмевни му се барем еднаш!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
(Јаков превртува кревети, куфери. Прави лом. Нове поаѓа кон него. Божо го задржува.) Остави го. Ништо друго не му останува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сакаш да бегаме. Можеме и Боге да го земеме. (Рајна поаѓа кон излезот.) Каде?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНГЕЛЕ: Каква турнеја? (Сите седнуваат. Се наместуваат за гледање. Пауза. Ангеле поаѓа кон излезот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Го одврзува. Поаѓа кон излезот. Застанува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Како? – се чуди баба му и поаѓа кон Мечето кое седи жално исфрлено во аголот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)