плови (гл.) - брод (имн.)

Самата макета претставува предел обраснат во шума, пресечен со модерни асфалтни патишта, со градски и селски населби и реки, низ кои пловат бродови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Плови бродот по синиот бескрај и гони далечини без пристаништа, без сакани средби, далечни заборавени, пусти, глуви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Низ градот, стариот и новиот, бавно тече Влтава, и по неа пловат бродови и шлепери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)