плива (гл.) - кон (предл.)

Впрочем, во интервјуто за магазинот „Вчера“ посочениот писател ќе изјави за љубените си ант-упатства: Ги „режирам“ како кусометражни аматерски филмови, без кастинг и пробни снимања, со една камера и со брза монтажа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што реков, бев изнервиран од тешкотиите да ги завршам неколкуте мои започнати раскази. – Миличок, твоите антиупатства од себеогледање пливаат кон раскази, исто како во анегдотава, ме потчукна по рамото; па што и ако не се раскази „докрај“, кога нивното множење е вирусно, како што би рекла нашата другарка Бети Шелева.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
13. САМИОТ ГОСПОД ЗНАЕ ШТО И КАКО ЌЕ БИДЕ - да дојдеше на светов бар пратеник негов да го искаже пророштвото на поминот иден на бродоломник што нејќе да плива кон брегот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)