плаќа (гл.) - баснословен (прид.)

Веќе и самиот рудолфински кружок бил составен необично: во друштвото на маниристичкиот цар кој што дел од својата младост минал на мадридскиот двор на Филип II, освен Арчимболди, ги сретнуваме Џовани да Болоња (скулптор), Венцел Јамницер (славен гравер), Бартоломаус Спрангер (сликар од Антверпен познат по прикажувањата на голи осуденици на смрт во доцноромантичарски стил), Ханс и Филип де Монте (водечки претставници, покрај Лас и Пелестрина, на доцноренесансната полифона музика), Адриан де Врис, Кеплер, Брахе, Антониот Абондо (изработувач на медали), портретистот Николас де Нојшател, потоа разни трговци со уметнички дела, колекционери, врвни занаетчии - еден, во секој поглед, космополитски собир. (...) Не е чудно што народот во Прага набрзо почнал да зборува дека Рудолф II е во врска со ѓаволот, токму како во легендите за Фауст од времето на доцната ренесанса, како во Гетеовиот Фауст, како во Мановиот Фаустус кој се надева дека со стекнатото знаење ќе се стекне со една нова, крајна и спасоносна формула... Margina #26-28 [1995] | okno.mk 223 okno.mk | Margina #26-28 [1995] 224 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 225 Необичниот гроф Арчимболди Арчимболди пред скоро време повторно е откриен и претворен во настан во современите луксузни галерии, а за неговите слики (портретите составени од животни, на пример) се плаќаат баснословни суми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)