плаќа (гл.) - за (предл.)

За жал и покрај тоа што плаќав за престојот, се чувствував како на гости.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ни беше кажано да не крадеме, да не убиваме, да не вршиме прељуба, да не грешиме кон браќата свои, оти гревовите наши носат казна, та сите ние преку Божјата казна ќе плаќаме за своите недела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Слободно можам да кажам дека ние бевме третирани исто како и унгарските ученици, кои си плаќаа за нивниот престој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Не знаеме што тоа [г. Халперин] прави во училницата“, матно пререче Гери Глен, претседателот на мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности (АФА), но „нечуено е тоа што мичигенските даночни обврзници мораат да плаќаат за предмет чија отворена цел е да ’експериментира’со ’иницијација’ на млади луѓе во самоуништувачки хомосексуален стил на живеење“.21
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога побегнав од неговото одајче и од очите на луѓето за да ја родам мојата Пела, му напишав големо писмо дека не можам да го чекам со мојот голем срам, да не се надева дека ќе ме најде кога ќе го ослободат, ама додека е там и плаќа за мене, јас нема да го заборавам, храна и пљачки ќе има еднаш во месецот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Низ нејзините дебели стакла, точките од очи гледаа нагоре, а јазикот ѝ ја оближуваше месестата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка беше свесна за цената што ја плаќаше за добиената виза, на што ја предупреди и Татко, но таа си го презеде ризикот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка Амелија продолжила: „Нашево училиште, овде, во Каламари, се состои од сиропиталиште кое финансиски опстојува со средствата што се плаќаат за училиштето”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)