плаши (гл.) - и (чест.)

Јас и се плашев и се чував и ете ме на носилка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие веќе се плашеа и од помислата на него. Сега скоро бурна во нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од тоа се плашевме и ние. Испаѓаше дека не ни останува ништо друго освен да чекаме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
МИТРЕ: Не џанам, за тоа не му се плашам и уште толку да падне. Маро, што правиме, до каде сме?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Змејко знаеше дека тука нема да може да направи ништо ни со своето стоење, ни со својата посегната рака, пред која срнчето продолжуваше да трепери како прат; та тоа и потаму се плашеше и од својата сенка, и тој го стори само она, што сега можеше да биде сторено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А има луѓе се плашат и на пиле да му го скинат вратот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А те плаши и сонцето, кога е големо и кога припекува. И тоа може да истера на дожд.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае зошто, ама луѓето веруваа дека тој не умира од куршум, дека нешто ги одбива куршумите што одеа кон него и дека се плашат и да го драснат, крв да му пуштат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега почнувам и да не се плашам и да се плашам. Што е ова со мене, си велам, до преѓеска се молев да ме убијат, до преѓеска ја молев смртта, а сега смртта почнува да ме потплашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)