пишува (гл.) - песна (имн.)

Еднаш ѝ реков: „Луција, јас ти пишувам песни; ти ја пишувам Песната над песните, а во таа песна се замеша еден грд хор, твојата партија“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Раѓа син, пишува песни, собира ронки од тепихот, кисне на интернет.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Се разбира, ништо не ѝ реков на Луција, оти не можев да верувам дека поважна ѝ е партијата која ѝ пишува говори и карактеристики, од младич кој ѝ пишува песни, како на жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Три години ѝ пишував песни, а таа ме одбиваше и се извлекуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И според биографиите, никогаш не живеел дома: имал, значи, прекрасна Причина да пишува песни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас ќе пишувам песни кои ти никогаш не ни ги читаш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
„Престани да ми пишуваш песни. Ти си добар, мил, симпатичен, но си целосно незрел и ништо не разбираш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)