пие (гл.) - заедно (прил.)

А, и за нив е далеку - кафе не можат да си пијат заедно, како „два најбоља друга“... како што се шегуваа, кога беа во арните.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Добро, - вели баба му. – Но, ќе треба и од лекот да пиете заедно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И пријдов на водата, ја нурнав главата во лонецот и почнав да пијам заедно со него.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мајка го послужи чајот. Седна за да го пијат заедно.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)