пие (гл.) - за (предл.)

Смешна помпезност, мислеше. Пијам за некаков роденден! Како секој ден во војнава. Крчма, болница, крчма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Претпладневната ракија како топол бран чинеше да го чувствува целосниот посед на телото, да си го зајакнува оптимизмот, илузиите, додека вечерната ракија ја пиеше за своја душа, таа му ја зајакнуваше носталгијата за старите времиња, за животот со семејството крај Езерото, за годините на младоста минати во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаел зошто Куно Бунгур не може да заспие: кога Фиданка Кукникова ја донела ракијата и ја оставила дружината да пие за среќа на нејзиниот протеран маж, му се насмевнала. Нему, на тој млад и чувствителен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Но и ти не спиеш, Куно, со мака исцедил од себе одбрана. - Се обидов, не можев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)