пие (гл.) - вино (имн.)

Близу до Лајпциг се наоѓа Вајмар, а тој е познат по Гете. Но, и Лајпциг се гордее со Гете и секој во овој град, како знаменитост, ја покажува кафеаната каде што Гете пиел вино и го пишувал „Фауст“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Предел На Ефтим Клетников Има еден предел во кој секому душата е море и каде никој не пие вино и каде никој не знае што е правда и неправда што е никој не знае ни што е добро - ни што е зло - ниту пак знае сведок што е и обвинение што.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот ги фрлив и расото и крстот но приграбив дел од свитоците кои сè уште не беа зафатени од пламенот и легнав врз нив, јас Антонио, сега стракче трева изгорена меѓу дамнините и заборавот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа пиеше вино, чаша по чаша, со својот маж и го хранеше своето дете, здраво тригодишно дете со костенлива кадрава коса и со темно-кадифени очи, како на мајка му.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пиевме вино, и се опивме, и јас и до ден-денес не знам како стигнавме дома и каде останаа девојчињата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас во прво време не сакав да пијам вино, но подоцна се навикнав и уживав во истото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Сега јадете риби и пијте вино, вели Григор, оти ова вино треба да ви држи до Велигден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јоше млад и послушен ќе крши, што ќе прави, а татко ќе пие вино и ќе џвака ореви, ќе меле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седат во топло и се веселат. Пијат вино.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во снегот пред нас се распрснуваа траги. Дека се волчи ни потврди далечно завивање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По некое време чичко ѝ заедно со братучедот Наум ќе ги земеа гитарите и тогаш почнуваше најубавиот дел од славјето: се пееја најпрекрасните песни - македонски народни, староградски српски, понекоја руска или грчка, се пиеше вино домашно или ракија, мажите палеа по некоја пура.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На терасата имаше повеќе скари за станарите од зградата и голема трпезарија комплет опремена, каде што ја јадевме вкусната риба и пиевме вино од регионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вели: „да му се најде на татка му, ногу му се пиело винце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
СТОЈАН: Славче, де! Синот на Темковица.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖИН: Е, за нас, што работиме, е бистрава водичка, а чорбаџи Аранѓел ќе го пие виното.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По сокаците чекорат кондури с клинци ковани, штамата сечат с ножови и пијат вино румено.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Биење без пиење не бива, ништо не бива без пиење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак јас ќе ти кажам. Зашто пиеше вино со леген од дванаесет оки.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
(Пауза. Му дава на Матеј да пие.) Сакаш уште? (Матеј пие вино.) Кај ќе најдеш вака на друго место?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Додека се јадеше мажите пиеја вино, женската челад вода.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бараше да пие кафе. Бараше да пие вино со скапите зачини што не можеа да ги пронајдат, и пак се тресеше како да го оставиле надвор на снегот, гол, со мразулци под пазувите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)