пее (гл.) - наш (прид.)

- Бистро езеро гледаш белеит // и си од ветрот синотемнеит... пеел нашиот Константин Миладинов, а по него - не се добројуваат песните за бистрото Охридско Езеро од кај што истекува Дрим.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Честопати, во примракот, си седевме на чардак и тивко-тивко, колку за наши уши и наслада, си пеевме наши песни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Нас со кундаци нѐ тепаа само затоа што си пеевме наши песни, научени од бабите и мајките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пееја птиците во расцутените гранки, пееја нашите срца како птици.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)