пее (гл.) - молитва (имн.)

Прави тркало со палецот и показалецот. што е тоа фатена за раката на тетка Пелагија или на бабата Перса да оди од црква во црква, да слуша како се пеат молитвите и наизус да учи, е, ама нема видено змија како голта жаба, нема видено жаба врз жаба склецкани, нема видено змија една врз друга како два стапа исто како маж врж жена како што има видено тој во траповите од домати!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доаѓаа соночетци, вампирџии, одгатнувачи на магии, ме полеваа со светена вода, ме редеа со камчиња и икони, гореа над мене партали и конци, бдееја и пееја молитви, но никако да ме разбудат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тажната поворка минуваше низ селото и срцето им го корнеше на луѓето: напред одеа другарите од Висар и ги носеа бајрачињата, по нив попот, а по него ковчегот од Висар; на секоја раскрсница ковчегот го спуштаа луѓето и попот му пееше молитва на Висара простувајќи го за последен пат од овие места по кои газел.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)