паѓа (гл.) - мрак (имн.)

Денот е при крај и брзо паѓа мракот во неосветлениот простор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, кога веќе паѓаше мракот, отидовме во најбедниот дел од Виена; минувавме по полумракот на тесните улички, едвај се разминувавме со девојките во распарталени фустани, и со мажите во подеднакво распарталени алишта, кои им пристапуваа на девојките со предвреме огрубени лица, со шминка која само уште повеќе го истакнуваше грубеењето, со здив кој мирисаше на алкохол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога излегов надвор, над Париз веќе паѓаше мрак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)