очекува (гл.) - ваков (прид.)

- Ја познавам! Ана трепнува и зачудено го погледнува. - Не сум очекувала вакво познанство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите беа вчудоневидени од човекот што го донесов, воопшто не очекуваа вакво нешто од мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се слушна одобрување од блиските козари, се разбрани белата маса, партискиот секретар не очекуваше ваков одговор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, многу е повпечатливо ако истиот ефект го постигнете по пат на монтажа, бидејќи на тој начин во настанот ќе ја вовлечете и публиката - и во тоа е една од тајните на монтажата во филмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако сака да биде искрен кон себе си, не би можел да тврди дека воопшто очекувал ваква покана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не сум очекувал ваква убавина! - потврди инженер Александар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби оваа техника Хичкок најдобро ја искористи во „костимираниот” филм Во знакот на јарецот (1949), кој не беше вистински трилер, па поради тоа беше и отстапување од правилото, а кој комерцијално пропадна, веројатно заради тоа што никој не очекуваше ваков филм од Хичкок. (Од тогаш Хичкок тврди дека не сака „костимирани” филмови, бидејќи: „Не можам да замислам како во костимиран филм некој може да оди во бањата”) . •Како ќе го дефинирате чистиот филм? •Хичкок: „Чистиот филм е спојување на комплементарните делови на филмот во една целина, како што мелодијата е спојување на музичките ноти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Татенцето сигурно не очекуваше ваков одговор, колку отпосле разбравме лудост бил секаков одговор, татенцето не претпочиташе неговите потчинети да имаат свој одговор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)