оцрни (гл.) - име (имн.)

Посебно ми паѓа тешко фактот дека оваа измислица треба да компромитира познат учесник во борбата за слобода", нагласува во своето сведочење другарката Басотова.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другарката Басотова смета дека станува збор за забуна, или обично препознавање, или пак само намера да се оцрни името на наш виден учесник во војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)