охрабри (гл.) - продолжи (гл.)

Директорот на домашниот театар, сметајќи дека нашиот молк, значи и одобрување, охрабрен продолжи: - Голем е придонесот на генералисимус Сталин во ослободувањето на Европа од фашизмот по цена на милионски жртви, но неговата уште поголема заслуга е во триумфот на комунизмот над капитализмот и империјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред да ја слушнам неговата реакција, јас охрабрен продолжив: - Фан Ноли уште тврдеше: ги почитувам рисјаните, муслиманите, будистите, протестантите, хебрејците, атеистите... ќе ги почитувам сѐ додека прават добри и чесни работи!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко охрабрен продолжи: Балканците, чии предци живееле под Отоманското Османското Царство, кои се вникнати целосно во своите мајчини, потоа национални јазици, стануваат свесни дека постои еден значаен фонд зборови, од османско-персиско-арапско-турско потекло кои им овозможуваат на извесен начин дури и да комуницираат меѓу себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, охрабрен продолжи: - Ова прашање зазема централно место во моите потраги и размисли врз искуствата по падот на Отоманската Империја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)