оформи (гл.) - во (предл.)

Набргу можеше да биде сигурен дека тука ќе се исполни и она, што го прижелкуваше сето време скриено во себе, но што немаше смелост да го оформи во желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа добро склопено не оформува во личностите кои сакаме и сонуваме да бидеме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Средното образование го оформи во Битола, дипломираше на Педагошката академија во Скопје.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имено, неговиот табиет, односно карактер, веќе се беше оформил во темперамент - буен, немирен, нескротлив, понекогаш неразбирлив или несфатлив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа како длабоко од него да навираше тишината, задржувана, спротивставувана во него со нејзините два пола на постоењето и непостоењето, на крајот оформена во рапав, јасен глас, во крик што јасно ја расцепуваше надворешната тишина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)