отфрли (гл.) - забрзан (прид.)

Стојат така зад стеблото на јаворот, на гимназискиот излет кога првиот бакнеж шумоглаво ѝ го донесе мирисот и вкусот на непочувствувани билки.  Сега се затечува себе си со затворени очи, со усните наместени за бакнеж и одмавнува со главата како да сака да го отфрли забрзаниот тек на мислите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)