отфрли (гл.) - тужба (имн.)

Второстепениот суд може – на седница на совет или врз основа на одржана расправа – да ја отфрли жалбата како ненавремена, нецелосна или како недозво- лена; да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првосте- пената пресуда; да ја укине оваа пресуда и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење; да ја укине првостепената пресуда и да ја отфрли тужбата или да ја преиначи првостепената пресуда (чл. 355. ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претседателот на судот може на седницата на судиите да покани и судии- поротници кога се разгледуваат прашања што се однесуваат на учеството на судиите- поротници во судењето (чл. 92, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако самиот оштетен поднесе кривична пријава или стави предлог за остварување на имотноправно барање во кривичната постапка ќе се смета дека со тоа ставил предлог за гонење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку, по правосилноста на одлуката за престанок на правното лице, забраната за работа или по заклучувањето на стечајната постапка истото е бришано од соодветниот регистар, а нема правен следбеник [кој би ги презел и би одговарал за долго- вите] – судот, со решение, ќе ја отфрли тужбата заради непостоење 261 на странка во спорот (чл. 203, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога оштетениот поднел кривична пријава или предлог за гонење, а во текот на постапката ќе се утврди дека станува збор за кривично дело за кое се гони по приватна тужба – пријавата, односно предлогот, ќе се смета како навремена приватна тужба ако е поднесена во рокот предвиден за приватна тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој донесува одлука по жалбата најдоцна во рок од три месеци, а во посложените предмети во рок од шест месеци од денот на приемот на предметот во работа (нов чл. 355-а, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поглед на барањето што го поставила странката во текот на постапката, парницата почнува да тече од моментот кога за тоа барање е известена спротивната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, во текот на целата постапка, по службена должност внимава дали работата е пресудена правосилно [res iudicata] и ако утврди дека постапката е поведена за барање за кое веќе е одлучено правосилно ќе ја отфрли тужбата (чл. 322, ст.1- 2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека тече парницата, во поглед на истото барање, не може да се поведе нова 121 парница меѓу истите странки, а ако таква парница биде поведена, судот ќе ја отфрли тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)