отрча (гл.) - на (предл.)

И Митко го слушна завивањето на сирените и отрча на прозорот да гледа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се исплашија луѓето и отрчаа на брегот, се искачија кај дувалото да видат што се случува, како дошло до избивање на чад. Гледаат како чадот излегува, се ежат, стравот им лази по коски, слегуваат од брегот исплашено, панично.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Трајче отрча на изворчето...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа сите заедно, и војниците и полицајците и жителите на Потковицата отрчаа на Бел Камен, а таму, спружени покрај каменот и со расцепени глави, ги најдоа Видана Јанчески и Ристана Голушкоска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)