открие (гл.) - пат (имн.)

Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потсетувајќи дека уметничките дела на Бојс не може да се редуцираат на она што ние го гледаме, овие бордури-рамки играат двојна улога: тие се забрзан тек за оние кои тежнеат да ја дофа­тат мислата на Бојс и, истовремено, направа за корекција на погледот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ретроспективата истовремено пре­зентира и многубројни ситни предмети кои, педантно наредени во витрините долж ѕидовите, пожолтеле од времето; исто така и 456 цртежи од „Secret block for a secret person“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А.А., видливо за другите, ме прекина: - Само Партијата можеше да ни го открие патот кон сите други, за кои произволно говорите, особено кон братските комунистички партии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев фасциниран од моќта на солунските сефарди низ милениумскиот егзил да ги откриваат патиштата на вечното спасување, преживување, минувајќи низ повеќе идентитети остануваа верни на единствениот, еврејскиот, кој беше наедно и идентитет на самиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Веќе се распишани и награди за оние кои на брмчалата ќе им го откријат патот до полјаната каде што ќе се случи двобојот меѓу Давид и Голијат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Прифаќајќи го визионерскиот речник на големиот Жан Моне, еден од татковците на модерна Европа со нашето будно око низ парадигматичната логика оставајќи илјадници збиднувања вчера со желба и конструктивно заедничко денес... „Господинот Европа“ - Жан Моне, на стариот континент, Москва, Вашингтон, Токио, Пекинг, Њу Делхи, ги откри патиштата кон трајниот мир лулката на светска цивилизација, потиснувајќи го вечниот полигон, гробница на човечки надежи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Беше незамисливо во стварност на овој начин да оживее патот на јагулите, но никој не ги спречуваше да го откријат патот во фантастичната имагинација на научниците.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не успевајќи да мигрираат, Таткото и неговото семејство на посебен начин го откриваат патот на слободата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој, впрочем, со голема прецизност и точност го претпостави и откри патот на јагулите од европските реки и езера кон Атлантскиот океан и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако ни се прескапи рибјите патеки, отворите на браните со прикладни лифтови за да се совладаат висинските разлики помеѓу реката и браните, прескапи во сегашните години на изградбата, бидете убедени дека кога ќе стасаат идните генерации научници, хидроинженери, биолози, кога ќе се откријат и други извори на електрична енергија, тие сигурно ќе настојуваат повторно да го откријат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)