отиде (гл.) - некаде (прил.)

— Ха, ха, ха! — се насмеаја сите околу огништето, а снаата отиде некаде, да приготви нешто вечеричка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата Менка донесе пагурче со ракија и во едно ваганче сирење и пак си отиде некаде по нејзина работа ... — Та, така Петко, а? — Започна пак Карабуклијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сето младо и убаво што беше тука родено и израснато, сите тие паметни глави отишле некаде.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како да отиде некаде и како да не отиде...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тука беа и двете инженерчиња. Ти не знам кај беше, отиде некаде“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и јули беше веќе стигнат до втората половина и многу од нив се веќе на езеро, на планина, по селата... Здодевно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Обично во тоа време од денот, лете околу шест попладне, има многу деца на скалите и на “Плавата” но тогаш, во тој момент како сите да беа отишле некаде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и мојата самодоверба отиде некаде јабана. Многу е лошо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој, не можејќи да го прежали тоа, не можејќи да живее без тој свој свет што го создаваше, отиде некаде, исчезна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа одвај чекаше да отиде некаде, за да поразговара со синот насамо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Снегот ги покри патиштата, реките замрзнаа уште од Свети Никола, та од дома глава не се појавуваше, не пак да се отиде некаде, во некое друго подалечно село, да се бара некој шиник жито, та за друго јадење никој и не помислуваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште пред да влеземе разбравме дека учителот отишол некаде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се извлекол и отишол некаде, ме оставил сам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Уште пред да влеземе разбравме дека учителот отишол некаде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)