отвори (гл.) - широк (прид.)

Не моли: туку наредува со шепот и со растреперени прсти го бара неговото тело.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Развлечена, тешка, длабока, глува, ту тивка, ту гласна, набожна, скриена, тажовита, здавена, жалосна воздишка кај жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Игуменот ги поведе на чардакот од каде им се отвори широк поглед на целиот манастирски простор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од тука се отвора широка глетка на околните планини – Бигла, Лунѕер, Вичо, Сињачка, Мали-Мади и отаде Орлето, Одрето, Горуша, Бел Камен, Николер, Аљавица и далеку – далеку, во сивата змаглина, врвот на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)