отвори (гл.) - пат (имн.)

И со време зафати бргу да напредува и да си отвора пат кон растење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе дојдеше Богдан кај неа, веднаш го отвараше радиото да слуша вести, да види дали уште трае војната и дали наскоро ќе заврши за да му се отворат патиштата да се врати дома в село.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бојан се надеваше дека снегот ќе престане, а потоа ќе долета јужен ветар, па за ноќ, две ќе го преполови, и ќе го отвори патот од селото кон планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Не, мила на мајка, ќе му се отворат патиштата, ќе ти се врати - како јас што сум се вратила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Мило чедо, кај ќе одиш - најди си ја твојата рода - и за сите носи абер - да отворат пат до таму - да сме со нив и со тебе - зашто веќе нема живот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занишал, застанал, чиниш му било речено да го дочека без вртење ударот на тешкиот кундак што му паднал врз теме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш успеваше да истурка хартија или вреќа, да отвори пат за својот студен и мокар здив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тетка Евдокија ги направи првите чекори со тоа што ја одведе неколку пати на богослужба во Прилеп, а сега тоа е тетката Перса која не само што го отвори своето срце и ги прими како дел од себе, туку таа се обидува да го отвори патот на утехата и надежта.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој ја провоцира втората Интифада во септември 2000 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се отвора патот на враќањето на десницата на власт на чело со Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во животот пред секој човек се отвораат безброј можности да преживее чесно, да создаде дела, да им отвора пат на други што доаѓаат по него.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако прагматичната природа знаела секогаш да си отвори пат, догматичниот човек, пак, сака да си ги испланира грешките што очекува да ги направи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)