отвори (гл.) - оган (имн.)

Бездруго имаше два часа откако заминав и слушав како Киро дава наредби: Другари, во мојот правец одете, имам толку муниција колку да стигнете до бригадата, па тие да отворат оган за да можам јас да отстапам и да се спасам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Боже, напати уште ми се причинува дека ги слушам трубите пред да отворат оган војските! Прво едните а потоа другите. И бугарските, и српските труби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го позастана малку коњот и виде дека Трајко ги задржа Турците, му ја пушти уздата и го потера полека нагоре, дочекувајќи ги другарите по него, и како секогаш што правеше, си ја викна својата мила песна: Не плачи, мајко, не жалај, мори, Оти ќе станам ајдутин...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Командантите на партизанските бригади распоредени на околните ридови и планини со голо око ја гледаа плевата од војска и не добија наредба да отворат оган од 45-те топовски и минофрлачки цевки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Противникот ги премести артилериските батерии на нови позиции, поблизу до Преспа и отвори оган по патеките по кои врват отстапниците и бегаат во Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпрвин во првиот окоп бил Киро со својата кртешница, која непрестајно беше вклучена, а тој сè помалку имал муниција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Отворија оган и војниците, но Толе го преметна ритчето и го фати Кленскиот дол, а Брниклијата фати еден камен за метериз и почна да стрела во аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)