отвори (гл.) - небо (имн.)

Се отвори небото чисто, сино, измиено, светло, небаре како друго да достасало; воздухот чист, проѕирен, се прелеваше како скапоцен камен; секој предмет наоколу одсјајуваше измиен и светнат; блескаа дрвјата, цвеќињата, тревите со некоја боја досега невидена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се исправи, се отвори небото, му помина. Не му била долга лутината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се отвори небото, развеаја маглите. И сега така ќе биде. Знае умирачката со кого работа има.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А лапајцата не запира. Се отворило небото и се истура. Врне дожд со снег, врне железо. Дроби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Високо над Бел Камен за миг се отвори небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)