отвори (гл.) - книга (имн.)

Таа ја отвора книгата врз своите колена...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пред да ја отвори книгата, Сара ги погали кориците, на кои беше претставен есенски пејзаж, и кажа дека со години не била во парк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја отворив книгата со тврди корици голем формат, и го најдов текстот под наслов „Маказар во патописите на Јохан Барт од 1858“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исак веднаш ја отвори книгата за теоријата на веројатност, за да се потсети како гласеа некои од правилата што ги имаше подзаборавено, бидејќи поминаа веќе 10 години од завршување на образованието, кое и онака не му послужи многу на работното место што го имаше сите овие години наназад.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
За жал, ниту еднаш не ја отвори книгата за да учи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ја отвора книгата и скриен зад неа преку неа го гледа Лазора кој се обидува да му го фати погледот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Тогаш, да одиме во Аугартн,“ рече брат ми, и Сара ја затвори книгата и ја остави на својата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Болничарката излезе. Се потпрев на лакот и ја отворив книгата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)