отвори (гл.) - некаков (зам.)

Во таа дупка почнаа да пропаѓаат сите слики на оние што ги сакаше, блиските луѓе, сите звуци на музиката со која живееше, сите негови сеќавања, сиот тој мозаик од ситни спомени на еден помалку или повеќе вообичаен човечки живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Влезе уште еден, со гола до кожа избричена глава, со биковски испупчени очи. Седна спроти него и отвори некаков блок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залудноста на овој долг марш низ снегот, студенилото на зимата околу него, безнадежноста на оружјето со кое беше натоварен и, на крај, самотијата среде шумата – сите овие чувства како сега одеднаш да му отворија некаква дупка во душата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Требаше само најмала искра, или некое друго поместување во душата, небаре да се отвори некаква Пандорина кутија, за да се ослободи потиснатото бреме од патувањето во Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се отворило некакво одделение за мали деца без родители.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)