отвора (гл.) - сандак (имн.)

Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се спуштав во подрумот, го отворав сандакот, со она слатко чувство на таинственост и по којзнае кој пат, пребирав по неговата внатрешност.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Многу ми е жал што не смеам да го отворам сандакот за да ги видиш неговите коски.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да живеев во негово време јас ќе бев неговата Џинџер Роџерс, ќе бевме најдобриот танц пар на светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)