отвора (гл.) - пат (имн.)

3. Сега се отвора патот и извишува со фиданката пробудена на биднината кон ведрината на летот што пролетта на светот ја вести Така се пројаснува просторот на ослободениот збор зад себе што го остава невиделото заради видело друго што веќе во далечина се раѓа
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Сѐ на превара ми зеде, вели, и сега назад не можам, а за напред уште понеможам. Не ми отвора пат за напред, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали неговото нажалено лице му го отвора патот по кој тој треба да се приближи до својот сон? Рибарот поголтна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ни отвора пат за бегање. И избегавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегувам напред и сега јас го отворам патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој, кој го држи Лисец, ја има контролата на околните ридови и што е најважно, го отвора патот кон Превал и од тука долж џадето, се вклинува во Преспа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)