оствари (гл.) - непосреден (прил.)

Времето за кое се исплатува паричниот надоместок зависи од времето за кое невработеното лице било осигурено во случај на невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А без оглед на законските рокови од ЗРО кои се пропишани за поднесување тужба при добивање отказ [„непарично побару- вање“] – работникот може своите парични побарувања од работ- ниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд, без да мора за тоа прво писмено да се обраќа до работодавачот (в. и чл. 181, ст.5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува: 1) еден месец – ако има стаж на осигурување најмалку девет месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци; 2) два месеца – ако има стаж на осигурување над 18 месеци до две и пол години; 3) три месеца – ако има стаж на осигурување над две и пол до пет години; 4) четири месеци – ако има стаж на осигурување над пет до седум и пол години; 5) пет месеци – ако има стаж на осигурување над седум и пол до десет години; 6) шест месеци – ако има стаж на осигурување над десет до дванаесет и пол години; 7) седум месеци – ако има стаж на осигурување над дванаесет и пол до 15 години; 8) осум месеци – ако има стаж на оси- гурување над 15 до седумнаесет и пол години; 9) девет месеци – ако има стаж на осигурување над седумнаесет и пол до 20 години; 10) десет месеци – ако има стаж на осигурување над 20 до дваесет и две и пол години; 11) единаесет месеци – ако има стаж на осигурување над дваесет и две и пол до 25 години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)