оствари (гл.) - прв (прид.)

Тој ден, особено меѓу дипломатите, притискаше неизвесноста за тоа каде ќе биде остварен првиот мал чекор, според мерката на вештиот дипломат и стратег Хенри Кисинџер, во решавањето на палестинскиот јазол, првиот чекор во потрага по излезот од лавиринтот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка Тереза пред падот на комунизмот во 1990 години најпосле ќе ја оствари првата посета на Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Минувавме крај претседателската палата, по авенијата која пред една година, додека владееше стариот Бургиба, беше блокирана поради утринските прошетки на стариот владетел, кој требаше да влее оптимизам и надеж на нацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, мислам дека за кратко време, најмногу месец, ќе биде остварен првиот чекор на големите луѓе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)