оствари (гл.) - нивен (прид.)

Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ве молам, немојте да им помагате докрај да ја остварат нивната цел...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А кога се соочувам со нивните апсурдности – им велам дека тоа се глупости.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Живеејќи отфрлени и речиси заборавени на маргините на своето време, Татко и Камилски веруваа дека само со книгите, со нивниот среќен избор ќе ја остварат нивната благородна мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој внимателно ја избриша плуканицата со марамче, и продолжи: “Пациентите со душевни нарушувања го мразат својот лечител, во него гледаат Бог кој ги казнува, тиранин кој не им дозволува да се оствари нивниот свет – но јас не ги спречувам нивните изливи на бес, јас ги слушам кога ме проколнуваат или навредуваат онака како што би слушал некого кој е надвор од Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)