оствари (гл.) - приход (имн.)

Со измената од јули 2014 год.,127 се предвидува како обврзници за плаќање на придонеси од задолжително здравствено осигурување и пензиско и инвалидско осигурување да бидат и лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор (популарно наречени „хонорарци“) и притоа остваруваат надоместок повисок од износот на утврдената минималната плата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Според Лозановски, објаснувањето за големото нама- лување на платите не држи, зошто според тогашните моментални приходи кои ги остваруваа, немаше никаква реална основа тие да бидат намалени до таа мера.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако овие невработени лица остваруваат приход понизок од утврдената минимална плата со Закон, тогаш не се должни да ги плаќаат придонесите за социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Глобите предвидени за обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, што воопшто не е занемарлива сума ако се има во предвид дека на некои од овие работници им се исплаќаат навистина ниски хонорари.128 127 Закон за изменување и дополнување на Законот за присонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ, 113/2014. 128 Со измените од 2015 година се прави дистинкција помеѓу лицата кои се вработени и остваруваат дополнителни приходи по основ на авторски договор или договор за дело и невработените лица кои остваруваат приходи по овој основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Доколку едниот партнер не остварува приходи, хомосексуалното домаќинство нема право на намалување на данокот - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку живеат во брачна заедница.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Додека Законот од 1997 година пропишуваше дека само оние вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност кои остваруваат приход во семејството кој просечно месечно е пови- сок од просечната месечна нето плата по работник во нестопанството во последните три месеци нема да можат да се водат како невработени, Законот за изменување и дополнување од 2004 година тоа го прошири на сите вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, тој потенцира дека, доколку на битолското друштво не му се мешаа во работењето така грубо и безобразно, тоа имаше големи шанси самостојно да остварува приходи, а не загуби.3 Во текот на 2007-та, ситуацијата продолжува дополнително да се влошува...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)