оствари (гл.) - желба (имн.)

Исто така, ми се случуваше многу често да ја измачувам и мајка ми со таа моја желба и мака, постојано надевајќи се дека еден ден ќе сфати што сè преживувам и ќе стори нешто да ми ја оствари желбата и да ме спаси од маката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некого ќе навредиме. Некој нас ќе нѐ навреди и така натаму, и така натаму, а сето тоа се причини да не ни се остварат желбите: денот, неделите, месецот, годините да не ни бидат убави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајка ми стрпливо ги слушаше моите жалопојки и секогаш нашите разговори завршуваа на ист начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што се однесува до Дедо Мраз, во тоа време ние децата го сакавме како што и денешниве, но малку верувавме во неговата моќ, всушност, во тоа дека може да ни ги оствари желбите што први ќе ни паднеа на ум или што ги влечкавме преку целата година.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Едни вела: експлозијата му е настаната по грешка - се занимава со работи што добро не ги познава; други велеа: можеби експлозијата намерно ја има предизвикано во едно очајание, во една криза, бидејќи најпосле сфатил дека попусто се мачи, дека не може да ја оствари желбата - да создаде жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можеби барале начин за имагинативно проширување на своето искуство, да отидат подалеку од себеси, да избегаат од знајниот свет и да си ги остварат желбите без да се ограничуваат од тоа кои се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Совладана е и остварена желбата, онаа постојана опседнатост и долгот кон себе си, кон своето пеење што еве сега ја здогледува светлината на денот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)