останува (гл.) - сам (прид.)

Топлата вода потполно се исклучува, а одржувањето на хигиената останува само нешто што постоело во минатото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Редуцирањето на базичните услови оди дотаму, што им се укинува и водата за пиење и за миење, па така цел погон е приморан да полни вода од единствената оставена чешма, која се наоѓа во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Всушност, во мене експлодира сознанието дека сега, конечно, останувам сама.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Народот се развреви и застана, обѕрнувајќи се да види од каде доаѓа пукањето и затоа сандакот со носачите се издели напред, останувајќи сам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сум останувала сама сред ноќ со запалена сијалица. Зошто?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги барал и секогаш останувал сам, задругата му одзеде само една година од тоа, но тој уште ниеднаш не ги имаше побарано нив како сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се распраша за неа и дозна дека е жена на офицер, покрстена Еврејка од Војводина, дека маж ѝ последнава година служи во погранична единица, дека ја посетува на неколку денови во месецот, додека останатото време таа останува сама во куќата.  Шабтај се врати скршен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја заборавил мајчинската љубов на игуменијата кон другиот Онисифор, кон тој лажен богомолец и подбивник со арамиска душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговото несфаќање со сета тежина легнувало врз патот зад него и тој останувал сам, шуплив и пак затворен за сите шумови и гласови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да беше малку нејзината болка, тоа што останува сама во рамната земја додека сѐ што ѝ беше мило замина со онаа црна змија натаму, на кај југ!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не ми се останува сама. Се плашам да останам сама.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оној што ѕирка (низ една од дупките избушени скоро како за објективи на камерите) е Дипигус, се разбира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На крајот Мартин секогаш остануваше сам со девојката којашто ракуваше со лифтот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
4. Исчезнуваш А твоите сенки в пена Останувам сам на белиот камен на летото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие негови патувања поради кои остануваше сама, можеше дури и да ги разбере, но заминувањата на најстариот син тешко можеше да ги прифати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сети зошто Горјан и Огнен го праќаа в село и остануваа сами со коњчето и зошто Тале сè ќе најдеше некоја работа само и само да го оттргне од коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: Останете, госпоѓо Христова. Не ми се останува сам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Останува сама на сцената. Потоа, трга бавно да излезе во својата соба. Ја запира гласот од Фезлиев. Неда се стреснува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Останува сама, поттурната, изгубена среде таа пустелија. Тивко и низ солзи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури подоцна, тој успева да изговори:) Таа не свикнала да останува сама... Јас, затоа... затоа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Останува сам. Долго, надмоќно, гледа кон надворешната врата, потоа повторно сака да запали цигара.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ние, во куќата крај Езерото, за време на италијанско-грчката војна, најчесто останувавме сами.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)