останува (гл.) - верен (прид.)

Татко и понатаму ѝ остануваше верен на својата тишина во која полесно ја одржуваше својата рамнотежа, директно предизвикан од цинизмот на Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И Татко и Камилски, во вистината на тишината на нивните библиотеки, во која веруваа дека е содржано суштинското, подземаа сила, здив и храброст за да се справат со надворешната балканска врева на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој продолжуваше да ѝ останува верен на својата внатрешна тишина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сега, без Татко, натажената мајка, колку и да се бореше ѝ остануваше верна во читањето, библиотеката тивко замираше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка остануваше верна на татковите одлуки, макар што најчесто таа ги доживуваше најголемите тешкотии во нивното спроведување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа ние засекогаш остануваме верни на негово­то дело...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка имаше свои одговори на татковата дијалектичка, но и метафизичка потрага по историјата и по спасот од нејзините удари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За мене тој беше непризнатиот дипломат на земјата која не постоеше, на земјата на животот на своите чеда, по чиј живот можеше да се трага, останувајќи верен на потрагата по него во сопствениот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Библијата ги принудуваше Евреите и христијаните да трагаат по бесмртноста покорувајќи се на Бога, останувајќи верни на добродетелите и правдината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)