останува (гл.) - буден (прид.)

Но Којо Пипиле не сакаше да чуе. Понекогаше лаежот и од сон го буди Богдана и тој сиот лут бесен останува буден до зори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Непоткупливата болничарка, единственото суштество кое изгледаше живо во заварената изненадувачка тишина, почна да шета од едниот до другиот крај на спалната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу од затвореничките остануваа будни цела ноќ, исто како и Марија, но не се осудуваа на ништо, бидејќи ноќната болничарка ја чуваше главната порта заклучена со синџири и катинар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога некој од нас ќе се разбудеше среде ноќта, поради некој мачен сон, измачувани од гладот, останувавме будни, ја дочекувавме муграта, со надеж дека таа сигурно ќе ни донесе леб.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)