останува (гл.) - без (предл.)

Тоа прашање секогаш остануваше без одговор, но ние си го поставувавме, разговаравме, се договаравме, изнесувавме различни претпоставки и аргументи, се спротивставувавме еден на друг, барајќи излез од мората што веќе силно нѐ притискаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Останувајќи без работа и стан за спиење, едно време спиеше во хотел, но му беше скапо.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Другата сенка промрори нешто нејасно и се наведна, останувајќи без глава.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На Вера часовите, главно, ѝ беа попладне, така што Ели никогаш не остануваше без тато или Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А навистина имаат голем проблем. Остануваат без вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Останувајќи без доволно средства, гемиџите побарале помош од Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се закануваше и молеше, се довикнуваше и се одзиваше, се повикуваше и премолчуваше, а сеедно остануваше да пишти, да вреска, сета таа единствена глутница, која заедно бараше некој одговор и заедно остануваше без него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Мајко, замислено ја погледнал, позамислено отколку пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Секогаш пред Божик остануваме без брашно. Секогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лукавствата на власта остануваа без ефект и се пристапува кон финалното решение: екстерминација на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XII Настаните во Татковата библиотека, предизвикани од распоредот на книгите, од некое неочекувано откритие во нивните прелистувани страници, потоа разговорите на чардакот со Мајка, не остануваа без последици и врз судбината на нашето семејство. Така беше и со ненадејното откритие на старите знамиња во двојното дно на чеизниот ковчег на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)