остане (гл.) - пред (предл.)

Очите ѝ појдоа на сликата негова обесена на ѕидот и се штрекна: на неа го виде истиот оној згрчен насмев што му останаа пред смртта на устата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Машките повеќе од половина останаа пред крчмата и наседнаа по камењето, држејќи секој по едно ковенце од дваесет и пет драма ракија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И на ова место таа се штрекнува од премреноста, ги расклопува рацете од пред лицето и открива многу очи околу себе што се чудат зошто толку долго останала пред Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но засега толпата остана пред мојата куќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гавазот остана пред црквата и, со почит ли, или од замор, слезе од коњот, па почна божем да си ги протега нозете, кога пред дојдените се појави калуѓер.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)