остане (гл.) - под (предл.)

А требаше и да им рече на старците што останаа под тремот да го чекаат„Христос Воскресе“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она нешто малку кукулинци што останаа под изгорената црногорица, одамна, речиси од дните на првите порази под Отоманијата, престанаа да се чудат, поточно сѐ повеќе прилегаа на дедовците, кои по познатата тврдоглавост се оддалечуваат еден од друг и станале секој свој свет во себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Едноставно чувствував со целото свое битие и сега, дека не би можело да биде поинаку, па макар и двете да останевме под урнатините на куќата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тука нивните синови биле заклани, тука ги закопале за да останат под закрила на светецот лесновски. Стоел и гледал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, и маста што остана под вршникот со јагулата, исчезна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)