остане (гл.) - зад (предл.)

А Сатурн со рака можам да го докачам.“ Последната светилка остана зад нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Реков: „Ќе ви... “, сторив и исправен излегов. Децата го сетија мојот бес и останаа зад мене веднаш штом заминав од дуќанот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно и со лага или со еден вид принуда се послужил бидејќи помислил дека тоа е најдобар начин да ѝ ја истурка на девојката од мислите несигурноста и колебањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Војната остана зад мене“, рекол тој, „а ако сакаш да не нѐ престигне, качувај се!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Остана зад нас да пцуе и да заплашува со решетки и со бесилка и со смрт и со пекол.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еј, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат и никој нема да ми помогне, за спас да ги сокријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ама јас те сакам до небо, онака едноставно, како дете кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане зад нас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ние децата ја сакавме како да ни е наша баба, зашто нашите вистински баби останаа зад границата, едната жива, другата почината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Остана зад мене срната со насолзени очи, празни раце, ПРОСТИ!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)