остане (гл.) - в (предл.)

Мислиш дека ќе стигнеш за два саати дома или кај му било... а си останал в планина, ни ваму ни таму, или подобро речено, кај волци на гости. Хе, хе, хе!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ми иде некоја врева и, тогаш, како јас да сум се нашла надвор, а телото ми останало в ќелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Не, Трајче! Остани в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)