остане (гл.) - онаков (зам.)

Виде: некои куќи ги нема, некои се изградиле или поправиле; виде нови огради на дворовите, нов мост на реката; гумењата сред село си останале онакви какви што ги паметува пред да го напушти селово, каде што се вршеше жито, каде на празници се играше оро; душата му затрепери, се возбуди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Продолжиле само да си остануваат онакви, какви што биле сета ноќ; големата папсана под стеблото, безмалу преборена, а малото веднаш тука до неа, а толку само.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)