остави (гл.) - дома (прил.)

Астраганката ја остави дома, за некои други пригоди, за во друго време.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Васе донесе и некаква книга што татко му ја оставил дома. Во неа имаше сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Чија е? Васе постојат малку, а потоа поголтна: - Од татко ми. Некогаш ја оставил дома ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка ми му предложи барем сега да направи исклучок, да ја остави дома.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Васј“, вели тој, „мојот Бог го оставив дома. Или тој ме напушти. Не знам. Што барам јас в црква?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ми ме носеше в раце и плачев толку силно и клоцав со нозете што еден човек му викна на татко ми: Лазо, зошто детето не го остави дома, само го мачиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зар заборави на децата што ги остави дома, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку кажи ми, колку усти остави дома? - Пет, му велам. - Големи, мали, прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама мислиш на милите усти што си ги оставил дома. Никако не си.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Празник ми оставивте дома, вели, ми ја наружавте куќата, вели и иди по нас, се поздравува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)