остави (гл.) - празен (прид.)

„Па, не е во ред внатрешноста да се остави празна“ тоа би било навредливо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Последниот што дојде ја остави празната чашка и стана.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мрежата ја спои со страничникот, под первазот на прозорецот, притоа остави празен простор, една цела дупка, доволно голема за да може пилињата да бидат фатени во стапица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)