остави (гл.) - нејзин (прид.)

- Прекина и се загледа наоколу, сакајќи да види каков впечаток остави нејзиното прикажување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можеше да стаса ниту до трошките на наследството што ѝ го беше оставил нејзиниот татко. Беше туѓа во својата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога ќе го заземеа градот грчките војници, тогаш таа ќе им проговореше како Гркинка, за да ја остават нејзината куќа со чедата, да ја поштедат, од воените деј­ствија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)