остави (гл.) - простор (имн.)

Обидувајќи се да остави простор дека таа згрешила, а не дрег-кралиците, Њутон се оградува, признавајќи дека ситуациите на кои подражавачите на жени им се смееле ми биле конкретно ужасни и трагични „мене“. ‌Таа скептична квалификација претставува средство да се спасат нормативните конвенции на дискурсот и на однесувањето, стандардните жанрови на општествената практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не знаеш, кажи. Остави простор, а и време.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сонив или на јаве си велам: – засрами се смртна душо што гордо чекориш овде исчисти ја барем дамкава совест што со поглед стрела а со одвратност ја гледаш дури јас на дново седам и си редам спомени за оние малкумина со чест запретани в беда во занес опиени од лажна бесмртност – Бес и смртност има само не вознес и повисоко битисување бичување и омаловажување раскрсници без знаци за делување грешки без можност за простување дивини што бараат скротување И нема крај на овој сон сонување... – Остави простор пред заминување за оние што по тебе доаѓаат да докажат дека заслужно се раѓаат 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Празник на душите. Треба да биде празно. За прочистување да се остави простор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)