остави (гл.) - празнина (имн.)

Но, не смееме да оставиме празнина во времето кое безгрижно го трошевме на стигматизирани невистини и небитни луѓе, настани, моменти.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во мислите со Вас, блиску а далеку, времето остави празнина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Животот не смее да биде празен, осамен, мрачен простор во четири ѕида.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Одењето на инженер Александар и девојчето, остави празнина што дури ни оваа планина, ни оваа убавина не можат да ја залечат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)