остави (гл.) - пород (имн.)

На Спира Клечев, човек заволија во секој поглед, жената му умре пред да му остави пород, и така Спиро Клечев стана Спиро Заволијата додека со време, којзнае како и зошто, луѓето не почнаа да го викаат уште и Спиро Испустениот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)